Автор:

 

Евгениј Замјатин е еден од најголемите пророци на дваесеттиот век, претходница на Орвел и Хаксли, симбол на еден сосема нов жанр наречен дистопија (или антиутопија).

Неговиот прославен роман Ние (објавен 1923 година) има историско значење и во историјата на литературата и во историјата на идеите. Опишувајќи го на еден метафоричен начин можното општество на иднината, во коешто бирократскиот терор сосема ги обезвреднува индивидуалните човечки сидбини, Замјатин всушност пишува за стравотиите на тоталитаризмот, чија лева и десна варијанта, сталинизмот и фашизмот, ќе предизвикаат невидени историски страдања на десетици милиони луѓе.

Иако романот е пишуван под силно влијаение на тогашните авангардни тенденции, тој едновремено се надоврзува на некои класични дела од жанрот, но и ги навестува славните романи кои го одбележаа целиот 20 век: 1984 и Прекрасниот нов свет.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *