Автор:

evropejciВо времето кога низ Европа се засилува антимиграциското движење и кога водечките европски политичари прогласуваат смрт на мултикултурализмот, австрискиот есеист и писател Карл-Маркус Гаус во книгата „Европејците во изумирање“ ја истражува богатата и разновидна историја на заборавените европски малцинства.

Во одличниот спој од патеписна проза, културна историја, живи сведоштва и филозофски рефлексии, Гаус нè потсетува на сараевските Сефарди, кочевските Германци, италијанските Арбреши, Ароманците и Лужичките Срби, повторно оживувајќи ги нивните спомени, но и предупредувајќи на нужноста на сеќавањето и одржувањето на разновидноста.

Оваа книга не претставува само патеписно раскажување за европските малцинства кои често им се непознати и на самите Европејци, туку таа токму денес станува патоказ и опомена да се зачува мултиетничката и мултикултуралната сложеност на старата Европа, но и на онаа Европа која допрва се создава.

Книгата може да се најде во книжарниците низ Скопје, а е во издание на Темплум.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *