Автор:

 

Романот Фаренхајт 451 е остро обвинување на цензурата што владее во светот на иднината во која пишаниот збор е забранет. Во ова општество сè е сведено на брза забава, површна информација и тривијални знаења. Луѓето постојано гледаат во своите телевизори големи колку ѕидовите на нивните дневни соби и гинат возејќи се со огромна брзина во брзите превозни средства. Сè е брзо, инстантно и минливо.

Фаренхајт 451 е пример за дистописки роман, но ако се спореди со неговите претходници како Ние на Евгениј Замјатин, Храбриот нов свет на Олдос Хакси или 1984 на Џорџ Орвел, може да се каже дека е понетипичен од нив, пред сè заради визијата што се отвора на крајот од текстот. Исто така, параболата на Бредбери е многу пореалистична од овие класични антиутописки романи.

Анализирајќи ја вечната борба меѓу цензурата и слободата на мислата, релевантна и во денешно време, Бредбери визијата за иднината ја гради врз можноста индивидуата секогаш да се наврати на некои основни квалитети што човекот ќе ги поседува како одбрана на силите кои настојуваат да го обезличат.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *