Автор:

Малцински извештај е најпозната новела на мајсторот на научната фантастика Филип К. Дик. Според овој текст Стивен Спилберг во 2002 година го сними истоимениот филм. Во новелата за футуристичката полиција која ги апси потенцијалните убијци пред тие да извршат злосторство се манифестира типичниот интерес на Дик за обичниот човек кој одеднаш се наоѓа во необична ситуација. Шефот на Преткриминалистичката агенција е обвинет дека во иднина ќе изврши убиство на човек за кој никогаш во животот не слушнал. Заплетот почнува кога Џон Андертон ќе се обиде да ја докаже својата невиност. “Живееме во општество во кое лажните стварности постојано се произведуваат од страна на медиумите, владата, големите корпорации, религиозните групи, политичките групи. Зашто постојано сме бомбардирани од псевдостварности произведени од многу софистицирани луѓе? Се плашам од нивната моќ. Моќ да се создадат цели универзуми на умот. Тоа јас го знам. Јас го правам истото.”

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *