Автор:

amerika - kafkaАмерика е првиот недовршен роман на Франц Кафка, објавен постхумно во 1927 година. Романот ги опишува чудните талкања во САД на седумнаесетгодишниот иселеник од Европа, Карл Росман, присилен да замине во Њујорк по скандалот предизвикан од љубовната врска со една слугинка. Насловот Америка го дал неговиот пријател Макс Брод, кој го составил и објавил ракописот. Америка е поотворено духовита и малку пореалистична книга на Кафка, но во неа се опфатени истите мотиви поврзани со насилниот и недофатлив систем што човекот постојано го поставува во апсурдни ситуации, додека тој мора да ја брани својата невиност пред далечните и таинствени фигури на авторитетот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *