Автор:

 

Будење е роман на откривање, роман на психолошка мистерија. Пјер Форе, еден просечен млад Французин, налетува на непозната жена која се наоѓа во дива или “природна” состојба. Иако нејзината состојба изгледа безнадежно, тој сосема & се посветува, ја негува и успева да ја врати во “нормалниот” живот. Повратената хероина на некој начин одново се пронаоѓа себеси и останува со Пјер. Иако на прв поглед изгледа како необична приказна за љубовта, романот во себе крие и многу други слоеви; тој зборува за пријателството, посесивноста, припаѓањето, за односот меѓу “природата” и “културата”…

Романот има посебно место меѓу романите на Газданов и претставува еден од неговите врвни дострели. Делото се одликува со во формална смисла беспрекорна класична нарација и се чита во еден здив.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *