Автор:

 

Делата на Газданов честопати и не можат рационално да се анализираат, нејасните движења на душата се толку суптилни, често толку недофатливи што просто не е можно, како ни музиката, не само да се прераскажат туку ни да се именуваат. Денес Газданов не се доживува само како значаен писател од блиското минато, недоволно познат класик, кон кој неправдите мораат да бидат исправени, туку како мошне современ автор, па дури и автор кој бил пред своето време. Тој има мошне висока репутација и несомнено врши влијание и врз современите руски и светски писатели. Иако модерна (но не и експериментална), прозата на Газданов се вклопува во традицијата. Со добри причини се зборува за синтеза помеѓу руската и западната традиција во неговото дело. Критиката, меѓутоа, забележува дека тој нема претходници во книжевноста и токму затоа го споредуваат со Гогољ, како најблескавиот стилист во руската литература.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *