Автор:

 

Георги Господинов сосема заслужено е еден од најславните современи бугарски прозаисти. Неговите прози се изградени според Борхесовскиот концепт за книжевноста – во нив се испреплетуваат неколку временски и просторни рамништа и читателот до последниот ред не е сигурен што е игра на симболи, литературна алегорија, а што вистина. Авторот ужива во разнишувањето на границите меѓу литературните жанрови. Читателот постојано е збунет – од зборовните игри, метафорите, необичните анегдоти. Расказите се обоени со драматичноста на мотивите, загадочните приказни, длабокиот поттекст, остроумните контрасти, нежноста, отсуството на секаква монументалност… Композициски ослободени, во целост ги потврдуваат денешните тези на следбениците на постмодерната „артикулација на фрагментираниот свет”.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *