Автор:

 

Човекот кој беше Четврток претставува необична мешавина од детективски и филозофски роман. Врз првиот основен слој на романот, замислен како возбудлива детективска приказна, се поставуваат многу сериозни прашања поврзани со идејата за вистината и привидот, границите и капацитетите на перцепцијата, односот меѓу илузијата и реалноста. Најдобриот опис на романот го има понудено Кингсли Ејмис, кој вели: „Невозможно е да се дефинира Човекот кој беше Четврток – тоа не е политички кошмар, метафизички трилер, ниту космичка шега во форма на шпионски роман, туку комбинација од сите три заедно“.

Гилберт Кит Честертон (1874-1936) е англиски писател, есеист, новинар, биограф. Има напишано околу 80 книги, неколку стотина песни, повеќе од 200 раскази, 4000 есеи и неколку сценарија. Заради чудните и необични формулации го нарекуваат „принц на парадоксот“. Се смета за наследник на традиција на Чарлс Дикенс, но а според книжевниот сензибилитет најблизок е до Оскар Вајлд и Џорџ Бернард Шо. Негов најпознат лик е детективот-свештеник Отецот Браун, кој се појавува само во расказите, а најпознат роман му е Човекот кој беше Четврток, првпат објавен во 1908 година.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *