Автор:

Кусите прозни цртички објавени во оваа необична книга досега биле објавувани во списанието Разгледи, во периодот од 1974 година до1980 година. Последните триесеттина се пишувани меѓу 1980 година и 1983 година и досега не се објавувани Конзервирани импресии на Горан Стефановски е книга која покажува како едновремено е можно да се биде и збиен и прониклив, и зенитистички мудар и интелектуално остар, и во почвата и вон неа. Се чини дека искусниот дебармаалски џентлмен ни ја демонстрира најтешката литературна вештина: да не се биде чаталџија, т.е. едновремено да се биде аптекар, златар и хирург, според чистотата, прецизноста, финотијата и одмереноста на зборовите. Без премногу психологија, реторика и украси (со што, за жал, изобилува нашата литература) и речиси без неумоливиот порив да се биде допадлив – Конзервираните импресии, пред сè со својата јазичка/мисловна минуциозност, ја враќаат македонската литература во некои посериозни води, каде што одговорноста пред изречениот збор и одговорноста пред себе е најврвно поетичко начело. Како да ги дестилира најдобрите особини на неговите драми, Стефановски со Импресиите отвора ново поле за јазично уживање, за толкување на неговиот ракопис, но и ново поле за целокупната наша литература.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *