Автор:

Свртување на завртката е најнеобичниот роман на Хенри Џејмс, кој денес се смета за незаобиколна американска класика, подложна на бескрајни книжевни анализи. Некои од тие анализи биле речиси исто толку генијални колку и самото бесмртно дело на Џејмс.

На обидите да се растолкуваат тајните на Завртката (и самиот наслов е мала мистерија) им се придружиле и повеќе филмски автори во своите обиди да ја екранизираат славната приказна за духовите (последен, мошне успешен обид е филмот The Others од 2001 година на режисерот Алехандро Аменабар и со Никол Кидман во главната улога).

Иако темата на злото е во средиштето на романот, стварната природа на злото Џејмс не ја одредува. Тој се задоволува со тоа што го воведува читателот во една естетички мошне треперлива ситуација, целата во навестување на блиска но неодредена трагедија.

\

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *