Автор:

pederskiНајдобро оценет прозен ракопис на шестото доделување на наградата „Новите!“ е „Педерски катахрезис“, збирка раскази од авторот потпишан како Хигсов Бозон. Во продолжение, накусо, во име на жирито составено од тројца членови Никола Гелевски (претседател на жирито), Владимир Јанковски и Ѓорѓи Крстевски, следува образложението, т.е. одговорот на прашањето зошто сметавме дека дебитантскиот ракопис на Хигсов Бозон е најдобар во 2011 година.

„Педерски катахрезис“ е мрачна политичка парабола (или повеќе сатирска отколку сатирична општествено-политичка фантазмогорија), згуснато ткиво од шеесетина сосема нетипични раскази чиишто аморфни кожурчиња често се пробиени од снажните лирски и драмски тонови. Оттаму е тешко ракописот на Хигсов Бозон јасно да го категоризираме во вообичаените книжевни ниши и фиоки. За оваа пригода издвоиме три главни вредности во книгата на Бозон: книжевната сила (експресивноста); ангажираноста (во комбинација со радикалност и провокативност); новите поетички постапки (особено во рамките на нашиот книжевен контекст).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *