Автор:


Со извонредно знаење на историјата (тој впрочем е еден од најпровокативните историчари на капитализмот), големиот американски социолог, основачот на светско-системската анализа, Имануел Волерстин (1930-), во оваа книга ни дава предвидувања за она што допрва ќе се случува со планетарниот политички и економски поредок. Неговите длабоко втемелени согледби велат дека во следните педесетина години светот го очекуваат тектонски придвижувања и менувања на политичко-општествените принципи што преовладуваа последниве 500 години. Во време кога со светската политичка сцена се побескрупулозно владее една единствена идеолошка опција и после еуфориите на “крајот на “историјата” на Френсис Фукујама и “судирот меѓу цивилизациите” на Семјуел Хантингтон, книгава на Волерстин доаѓа во вистински момент, како една од најзначајните критички и алтернативни интерпретации на нашето време.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *