Автор:

Зад раскошните бои и детали, зад гротескните ликови облечени во дречава (небаре карневалска) облека, овде всушност фасцинираат мултимедијалноста и живописноста на Арсовски: тој е кич-трач, поп-треш, панк-рок, народно-забавен и модерно-постмодерен уметник.

Фасцинираат неговите духовити дијалози и коментари, често прикриено поетични.

Фасцинираат драмата и тензијата во неговите цртежи; акцијата, движењето, жестокоста, насилството… Постојат, за среќа, и контрапункти: апстрактни моменти, медитативни и смирувачки делови…

Фасцинираат и неговите референци: (цртани) филмови, политика, стрипови, мода, естрада, музика, графички дизајн, тук таму „висока“ уметност… Сè во обландата на еден раскошен поп-треш; или спектакуларен кич-трач.

Преземи PDF

Повеќе на Окно

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *