Автор:

Иштван Еркењ (1912-1979) е еден од најзначајните унгарски писатели од втората половина на дваесеттиот век. Едноминутните новели се неговата најпопуларна книга. Оваа книга има доживеано толку многу изданија што во Унгарија “едноминутната новела” се третира како посебен жанр. Користејќи ја гротеската и апсурдот Еркењ упатува на она што е апсурдно на глобален план, обидувајќи се да ги открие причините поради кои поединецот се помирува со апсурдноста, со самото тоа станувајќи и нејзин соучесник. Популарноста на овие куси раскази произлегува од способноста на авторот со анегдотска лежерност да создаде надреална атмосфера во која се мешаат црниот хумор, апсурдот, параболата, политичката сатира… Минималистички прецизен во својата концизност, Еркењ со Едноминутните новели создава раскази кои можат да се споредат со најдобрите текстови на Данил Хармс и Амброуз Бирс.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *