Автор:

„Ако една зимска ноќ некој патник“ е клучниот пост-модернистички роман кој ги надминува границите на постмодернизмот! Всушност, тоа е особина на сите големи дела: издвојувајќи се, да го обележат времето во кои настанале и да трасираат нови креативни модели. Овој делумно експериментален роман (составен од десетици започнувања на романи!) е еден вид калеидоскоп при чие вртење се читаат сите негови меѓусебно прекршувачки слоеви-приказни. Втората аналогија може да биде скапоцениот камен, кој е составен од десетици мазни мали површини, фасети, како низа мали прекршувачки лица кои составуваат чудесновишен портрет… Играта, комбинаториката, улогата на читателот, постмодернистичката идеја за литературата како допишување и натпишување, сите овие елементи, мајсторски вклопени во необичната и на моменти вџашувачка обединувачка приказна, го градат скелетот на овој роман кој останува меѓу најзначајните литературни дострели во втората половина на 20 век.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *