Автор:

hasek

Јарослав Хашек (1883-1923) е најпознатиот чешки хуморист од првата половина на 20-от век. Неговото шаренолико дело се состои од бројни раскази, цртички, хуморески, есеи и текстови кои претставуваат незаобиколна литература кога станува збор за хуморот и сатирата. Негово најпознато дело е хумористично-фарсичниот роман Добриот војник Швејк, но силината на делото на Хашек се согледува и во неговите околу 1500 раскази.

 

Книгата „Шашави раскази” е избор од најдобрите куси раскази на Хашек, заедно со подолгиот циклус раскази „Командантот на градот Бугулма”. Хашек е најпознат како мајстор на хуморот и сатирата. Неговиот хумор се напојува од таканаречените вечни човечки мани и слабости, но расказите зрачат и со огромна емпатија за оние луѓе кои општеството ги жигосало како аутсајдери.

Силен критичар на бирократските механизми, писател со одлично чувство за создавање лик и драмска ситуација, Хашек опишува ситуации кои иако се бескрајно смешни истовремено се и крајно реалистични. Иако на мигови неговиот хумор може да ни изгледа фриволен, тој е крајно ангажиран автор кога станува збор за вивисекцијата на авторитативните и конзервативни сили во општеството.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *