Автор:

 

За Курт Вонегат се вели дека е еден од најзначајните автори на модерниот социјален роман во кој поединецот со анархистичка акција се спротиставува на фашисоидната констелација на односи што владеат во постиндустриската ера. И сето тоа поставено во рамки на моделите за американската трагедија и американскиот сон. Кланица пет е една од најпознатите антивоени книги. Одисејата на Бил Пилгрим низ времето го рефлектира митското патување на прекршениот живот кој се деконструира во потрагата по смислата на она што поединецот се плаши дека ќе го открие. За популарноста на романот улога има и фактот што голем дел од поставените проблеми, војната, екологијата, пренаселеноста на земјата, консумеризмот, ќе бидат доминантни и во годините што следат по неговото објавување.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *