Автор:

 

Зборникот Од модернизам до Постмодернизам, приреден од Лоренс Кахун, е антологија која претставува нужен мултидисциплинарен ресурс од областа на филозофијата, книжевноста, културните студии и социјалната теорија. Станува збор за еден од трите најрепрезентативни зборници кои систематично прават пресек во изборот на круцијалните текстови кои ги одбележаа епохите на модернизмот и на постмодернизмот. Оценет е со највисоки оценки од страна на Академската асоцијација на европските културни студии. Овој сериозен и обемен потфат ги засега најскорешните развојни линии во она што се нарекува “Континентална филозофија”. Со сигурност може да се каже дека преку него се дава пејзажот на една од најзначајните дебати во изминатиот век, која на некој начин сé уште трае, а која е на релација на двете провокативни одредници во современата мисла: модернизам – постмодернизам. Нашето издание е подделно на две основни теми, Остварена Модерност и Постмодернизмот и превреднувањето на модерност, во чии рамки се застапени клучните автори на две филозофски епохи: Макс Вебер, Макс Хоркхајмер и Теодор Адорно, Жак Лакан, Жак Дерида, Мишел Фуко, Жил Делез и Феликс Гатари, Чарлс Џенкс, Дона Харавеј, Никлас Луман, Емануел Левинас, Фредерик Џејмсон.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *