Автор:

 

Големото книжевно дело на најлудиот писател на минатиот век всушност започна со текстот Семелвајс, кој не беше само докторска дисертација на Селин туку и биографија длабоко поврзана со сите дилеми, недоразбирања и несреќи кои допрва ќе треба да му се случат на најоспоруваниот француски гениј…

Лекарот Семелвајс, откривачот на антисептичните постапки во медицината, умира неразбран во светот на науката, додека Селин, неговиот брат по несреќа, во светот на литературата останува веројатно најголемиот проколнат писател на 20 век. Овие две личности изгубени во ноќта на светот, две крајности на истото, судбини се на трагедијата на времето или самите се трагедии во времето, секоја величествена и поучна на свој начин.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *