Автор:

Лунарко Мена живее на Месечината, но таму му е досадно, па решава да ја посети Земјата, по која одамна копнее. После низа неверојатни авантури (возење врз комета и со ракета, престој во затвор, бегство, средба со необичниот научник  Жен Светло-Сен итн.) Лунарко Мена сфаќа дека неговото место е сепак на Месечината.

Сликовницава првпат се појави во 1967 година, во екот на вселенската трка, кој прв ќе стигне до Месечината. Годините во меѓувреме не ѝ наштетија на книгава. Напротив: Човекот од Месечината (или Лунарко Мена) и денес е меѓу најценетите класици на литературата за деца од сите возрасти. А омилен им е и на многумина возрасни.
Томи Унгерер (1931-2019) по потекло е од Франција, но пишувал, освен на француски, и на германски и на англиски. Овој славен и наградуван илустратор и писател себеси се сметал за „архивар на човечките апсурди“.
Темплум претходно објави уште една книгичка од Унгегер, сликовницата „Шапката“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *