Автор:

Расказите од Пролетната песна на жабите блескаат со живата карактеризација на ликовите и возбудливо раскажаната приказна. Етвуд ни нуди импресивен каталог од различни ликови. Без разлика дали станува збор за расказ во кој вешто е портретиран стравот на жената која се плаши дека ќе го загуби мажот или за раскази за мажи и жени кои се обидуваат да ги спасат своите изгубени врски и да изградат нови, текстовите имаат тон на прераскажани бајки, приказни што архетипски се вкоренуваат во сеќавањето. Задоволството што нејзините раскази го нудат е задоволство на составување мозаик од фрагментарно раскажани приказни со изненадувачки пресврти и необични ликови.

Маргарет Етвуд ги сложува визуелните, звучните и тактилните настани во толку остар, изненадувачки јазик, што нејзините слики прскаат на секоја страница.

Washington Post

Маргарет Етвуд навидум нуди мало шише парфем, за кое подоцна откривате дека е Молотов коктел.

Melvin Medoks

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *