margina1718Содржина

Д. ХОФСТЕТЕР – ГЕДЕЛ ЕШЕР БАХ
Г. СТОЈАНОВ – КОН ПРЕВОДОТ НА МАКЕДОНСКИ
ГЕДЕЛ ЕШЕР БАХ

ЛОКАЛНА СЦЕНА
БУДЕ
ИНТЕРВЈУ СО БУДЕ

ВР ИНТЕРВЈУА
ТИМОТИ ЛИРИ
ЏЕРОМ ЛАНИЕ
ПОЛ ВИРИЛИО
МАЈКЛ ХАЈМ
ГЕРТ ЛОВИНК
БРАЈАН ИНО

СТРИПОВИ ОД СИКСИ СПИСАНИЕТО

НАБОКОВ
ИВАН ТОЛСТОЈ – ЗА НАБОКОВ
В. НАБОКОВ – НАСТАН (ДРАМА)

ОД УВОДНИКОТ

Инаку, околу Енцесбергер се расправавме; господинот Бузони рече дека тој тип на јазик личи на лелекањата што допираат од нашите културни импотенти навикнати на државни привилегии и дека Маргина не е место за таков тип текстови; господинот Вулкански (во нашата Бетмен-редакција што се наоѓа под дното на реката Вардар, во присуство на неговото верно куче Пингвин и уште пар сведоци по огледалата) одговори цитирајќи го Ханс Магнус: „“Пара не прави уметник”, не го разбираш Енцо, тој е бескомпромисен пред се’ кон себе и тој никогаш нема да падне на нивото на македонскиот културен работник, да пита плата”. Јас (Г.Н.Ом) пресудив и Енцесбергер е тука.

Но, гадењето ни трае. Каде и да мрднеш вон границиве, по враќањето доживуваш културен шок. Ние, заедно со Албанија, сме меѓу најпримитивните европски земји. Да има памет, пред секој дневник на Македонецот треба да му се прикажува азбуката и по неа пораката: Глуп си! Во заглавието на “Нова Македонија” редовно треба да се објавува дното на табелата на нации што најмалку читаат, а тоа се, се знае, Албанија и Македонија. А “културните” будали што не’ доведоа до таму и понатаму го опседнуваат бедното министерство за култура и се жалат на суровите времиња кои немаат разбирање за нивната ступидна “култура”. Грозно е. А немоќта и очајот раѓаат само уште поголема нестабилност.

И затоа, богати стаорци, државо, Сорос, господа пиљари, велетрговци, социјалистичко-феудални директори, големосопственици, нафатирани комунисти, сите вие што купувате трети и шести станови и коли и кои децата, ко африкански министри, ги праќате надвор од ужасов да владеат ко најсупериорни дембели кога процесов на заглупување и пауперизација еден ден ќе се слегне -… ма глупости, ништо. Заборави. Во некоја друга прилика, Манифест, под пет.

Г.Н.Ом (дел од уводникот на Маргина 17/18, јули/август 1995)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *