Автор:

31.mediФранко Касано е роден 1943 година во Анкона, Италија. Од 1981 година е редовен професор по Социологија на културата на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Бари. Автор е на делата: Автокритика на современата социологија (1971), Марксизмот и филозофијата (1973), Хегел и Вебер во коавторство со Р.Бодеи, (1997), Демохристијанска теорема (1979), Незаснована сигурност (1983), Апроксимации (1989), Двоен натпревар (1993), Медитеранска мисла (1996), Болката на Истокот (1997), Модернизацијата заморува (2001), Отаде ништото (2003), Homo civicus (2004), Медитеранска алтернатива во коавторство со Д.Ѕоло, (2007), Paeninsula (2008), Три начини да се промисли Југот (2009) и Понизност на злото (2011). Објавува есеи и статии во италијански и странски весници и списанија. Бил уредник на списанието за социолошки студии Rassegna italiana di sociologia, директор на Интердисциплинарниот центар за проучување на мирот при Универзитетот во Бари, како и претседател на Здружението за преродба на активното граѓанство Città plurale. Неговата Медитеранска мисла е досега преведена на француски (1998), шпански (2003) и јапонски јазик (2006), а наскоро излегува и на англиски (декември 2011).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *