Автор:

Веројатно Марсел Еме е најзначајниот француски раскажувач во дваесеттиот век, наследник на Мериме и Флобер. Читајќи ги неговите црнохуморни раскази читателот ќе го запознае фантастичниот свет на Еме, париското подземје во годините на Втората светска војна. Мали човечки радости што го грејат срцето, ситни семејни неволји кои предизвикуваат катастрофи достојни за античка трагедија исто толку го прават светот на Еме како и циркузантите или митските суштества кои постојат едни покрај други во необичното секојдневие.

Делото на Марсел Еме (1902-1967) е многу разновидно: седумнаесет романи, седум збирки раскази и единаесет театарски пиеси. Еме има напишано и два есеи и голем број новинарски текстови. Четири негови романи и два раскази се филмувани, а тој е автор и на бројни сценарија и дијалози. Најдобриот филм е направен според расказот Низ Париз, во режија на Клод Отан Лар со Жан Габен и Луј де Фин.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *