Автор: ,

 

Елитистички насоченото сфаќање на поимот култура е нешто што се уште е блиско за средината во која живееме. Недоволната упатеност во сето она што го опфаќа комплексниот свет на културата не доведува во незавидна положба кога станува збор за нејзиното подлабоко согледување кое, меѓу другото, подразбира и излегување од “кабинетите”, во функција на унапредување на општествениот живот на заедницата. Како што велат авторите на оваа книга, културата ја чинат врвните дела на човековата мисла, но нејзе ја сочинува и напорот таа, во облик на книга, претстава, слика, скулптура, симфонија да биде достапна за најшироката публика. Затоа овде нагласката е врз важните но обично невидливи елементи на културниот процес. Книгава одговара на средишните прашања кои се однесуваат на менаџментот во оваа сфера: Како ефикасно да се дејствува во мошне сложениот свет на културата? Како успешно да се поврзат уметниците, културните институции и нивната публика? Како сето тоа да се направи не само во рамките на една држава, туку и во европското и во светското опкружување? Култура, менаџмент, анимација, маркетинг е своевиден водич низ културните институции, нивните сложени системи, технологијата и методите на работа, но и увид во нивната меѓусебна соработка.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *