Автор:

Веќе со години Ентони Гиденс е еден од најважните и најпродуктивните социолози, за што сведочат 30 книги преведени на 22 јазици. Последните години тој е посебно влијателен, бидејќи програмски ги осмисли Тони Блер и неговите Нови Лабуристи. Неговата најпопуларна социолошка книга, Третиот пат, тргнува од тезата дека социјализмот станува конзервативен а конзервативизмот радикален и дека тие два политички концепти треба да се напуштат. Во книгата од 1991-та година, Модерноста и самоидентитетот, Гиденс се занимава со некои од клучните прашања во 20-иот век: на кој начин се менува чувствувањето на простор-времето; што носи модернизмот како еден посттрадиционален поредок; кои се политичките, но и идентитетските импликации на модернизмот; што значи концептот животна политика итн. “Живееме во време кога самото лично искуство да се има сопствен идентитет што треба да се открие, лична судбина што треба да се исполни, стана субверзивна политичка сила од повисок ранг.”

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *