Автор:

 

„Најмногу ми лежеше новелата, долгиот расказ”, ќе рече во едно свое интервју најценетата руска задгранична писателка, Нина Берберова. Според доследната изјава на Михаил Синелников дека „литературата и традицијата на ’сребрениот век’, прекинат од болшевичката револуција беа зачувани само од неколку луѓе во рамките на руската емиграција”, на Нина Берберова треба да ù се додели приматот на единствена златна жица-спроводник на севкупната руска книжевност во целиот 20 век. Проживувајќи безмалку 100 години, од 1901 до 1993 година, во своите 68 години странствување се запознава со најистакнатите писатели на руската емиграција на изминатиот век – Бунин, А. Бјели, Мерешковски, Цветаева, Пастернак, Набоков, Еренбург, Шмељев, Бродски и многумина други, и по проценките на Феликс Медведев останува единствената која „ги соединува сите нивни реченици со единственото перо на генијот Набоков”. Објавувањето на новелата Клавирска придружба (1934) на француски јазик има пресвртна улога во нејзиното творештво и предизвикува широк читателски интерес за нејзиното дело. Според оваа новела францускиот култен режисер Клод Милер во 1992 година го сними филмот L’Accompagnatrice.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *