Автор:

Кратката збирка раскази Лева комора на Оливера Николова е меѓу најдобрите збирки раскази што се појавиле на македонски изминативе дваесетина години.

Една од причините зошто книгава е настан за македонската литература е и зашто таа е снажно нагласена химна на женскоста, не-што што очајнички недостасува во патријархалната и во многу нешта анахрона македонска проза.

Расказите на Николова, меѓу другото, импресионираат со својата збиеност, стегнатост, со една речиси поетска прегнантност, но која суштински е непретенциозна. Одмереноста и суптилноста на изразот на Николова го достигнуваат нивото на една згусната елеганција (она што македонската проза многу ретко го постигнува оти главно е епски раздрдорена и главно мошне дескриптивна).

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *