Автор: Љубомир Д. Фрчкоски
Нема да се згреши ако се каже дека професорот Љубомир Д. Фрчкоски (1957) е веројатно македонскиот највлијателен интелектуалец. Ја споредуваше со своето учество целината на македонската независност. Го напиша првиот македонски устав од 1991 година и учествуваше во изработката на Охридскиот договор 2001 година, акти кои ја обусловија македонската институционална политика. Во целиот овој период, независно дали беше дел од власта (1991-2007) или пишуваше колумни и јавно настапуваше во медиумите, имаше силно, понекогаш клучно влијание и ја обликуваше сферата на јавното мислење и политичките борби во државата.
Пред нас е еден од неговите научни трудови. Преговарање во конфликт на идентитети е тема на неговите пост-дипломски предавања во Италија, Универзитетот во Трст, но и некаква квинтесенција на неговиот ангажман и искуство во Македонија и нејзината меѓународна борба за видливост.
Возбудливо и исклучително концентрирано научно четиво, со суштински дефиниции и постмодерен контекст на одвивање на политиката на разрешувањето на конфликти во ситуација на културни, идентитетски разлики на актерите. Конфликтите се контекстуализирани во поширокиот дискурс на либералната правда од пост-ролсов вид, засновување нов консензус на длабоките културни разлики во демократските општества или оние кои се трудат тоа да станат.