Автор:

Книгава во вашите раце е избор од расказите објавувани во списанието Маргина изминативе десет години. На некој начин, книгава е и одбележување на десетгодишнината на тоа, за нас важно, списание, во голема мера посветено на преводната литература. Иако последниве години Маргина повеќе е ориентирана кон теорија отколку кон проза, сепак е факт дека во списанието досега се објавени над сто раскази, и од странски и од домашни автори. Во два наврати, на пример, беше претставувана современата британска проза, во неколку броеви обемно беше претставен американскиот современ расказ, па полскиот, рускиот, чешката авангарда, германските експресионисти, скопските раскази итн. Да не ги спомнуваме многубројните поединечни автори, од кои некои беа претставувани во повеќе наврати и низ цели тематски блокови (Набоков, Пинчон, Гибсон, Кортасар, Хармс, Селин итн…

Од тој респектибилен книжевен фонд, значи, за оваа пригода решивме да избереме десет раскази, од пет авторки и пет автори. Иако мала по обем (всушност целава едиција на некој начин е димензионирана минималистички, и од идејни и од економски причини, така што се трудиме понекогаш недоволниот квантитет да го надополнуваме со вжарено густ, токму магматичен квалитет) книгава претставува, или ние се обидовме да претставува, мала сигнификантна антологија на светскиот расказ која, меѓу другото, изнесува и некои, според нас, важни тенденции во современото светско прозно творештво. Некои од тие тенденции се обидовме да ни бидат и критериуми за избор; се трудевме, на пример, избраните раскази да бидат игриви и заводливи, но и субверзивни и преиспитувачки во однос на општите места или општите теми. Се трудевме, значи, и во тематска смисла (стилската иновативност се подразбира) расказите што ќе ги претставиме да бидат провокативен и храбар исчекор напред.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *