Автор:

Овој есеј е пишуван со убедување дека анархизмот, иако можеби не е најпривлечна политичка филозофија, без сомнение е одличен лек за епистемологијата и за филозофијата на науката. Не е тешко да се најде причината. “Историјата општо, а посебно историјата на револуциите, секогаш е побогата во содржината, поразновидна, помногустрана, пожива и посуптилна отколку што” дури и најдобриот историчар и најдобриот методолог може да си замисли. Историјата е полна со “случајности, споеви и надоврзувања на настани” и ни ја покажува “сложеноста на човековата промена и непредвидливиот карактер на крајните следствија од кој било конкретен чин или решение на луѓето”. Треба ли навистина да веруваме дека наивните и простодушни правила што методолозите си ги земаат како водач се способни да излезат на крај со еден таков ” лавиринт од заемодејства”?

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *