Автор:

moderna-makedonija-01Се разбира дека Блаже Конески е првиот лик на модерна Македонија, не само во нашава едиција, туку и во целокупниот 20 век. Од неговата разграната и мошне значајна работа во разни области (кодификатор на јазикот, главен уредник на речникот на македонскиот јазик, лингвист, теоретичар, професор, втемелувач и претседател на МАНУ, културен работник…), ние сепак ја издвоивме поезијата. Сметаме дека токму во песните се наоѓа најкомплексниот, највистиниот, најдлабокиот и НАЈЖИВИОТ Конески.

 

Спомен по многу години

Имав можеби неполни дваесет години

кога напишав:

„така рикаше маката во мене

дека сум роден во смачкано племе.“

И досега,

по толку долго време,

ме следи истата таа мака,

и дури поголема,

така што дури можам,

сејач на глуво семе,

да го сменам малку зборот

и да речам:

„уште рика истата мака во мене

дека сум роден во смачкано племе“.

 

Но сепак, се надевам, дека не е туку така

што сум бил подложен на таков искус

и на таква една мака.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *