Автор:

Расказите во книгава започнуваат со секојдневието на скопскиот плоштад а завршуваат во неименуван град во угнетувачко дистописко општество. Секој од нив е фрагмент од еден бездушен свет сместен во блиска иднина, којшто истовремено се чини мошне познат.

Ова не се класични дистописки раскази, туку се доминантно психолошки, испреплетени со внатрешни борби на ликовите. Ликовите, на прагот на едно ново време, фрлени во студенилото на постоењето и турнати во неправди, поставени се пред изборот да ги прекршат наметнатите норми. Тие се соочуваат со потребата од откривање и испитување на божјата димензија и на човечкото во себеси. Полни со симболи и со алузии, на работ помеѓу сонот и јавето, расказиве навлегуваат во чудесното и фантастичното. Колку што се мрачни, толку се и светли.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *