Автор:

Рејмонд Чендлер (1888-1959) е можеби водечко име во детективската проза на 20 век, но неговото влијание уште пред неколку децении излезе од некогаш задушли-вите жанровски граници и денес тоа влијание е при-сутно и во пошироките книжевни кругови. Чендлер го презеде суровиот и реалистичен стил на Да-шиел Хемет, давајќи му уметнички призвук, исполнувајќи ја прозата со духовити метафори и блескаво луцидни реченици. Чендлер обезбеди трајно место во оние струи на американската литература, чиј извор се наоѓа во секојдневието, баналноста на криминалот и презрените одметници кои се обидуваат да живуркаат на маргините на општеството. Тој успеа да го создаде она што би можело да се опише како американски стереотип на херој: мудар, надежен, промислен, авантуристички насочен, сентиментален, циничен и бунтовен. Умешноста на Чендлер се состои во моќта да создаде ликови кои се мешавина од стереотипите познати на американското општество и ликови од крв и месо што освојуваат со својата живост.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *