Автор:

 

“Плескање на слугинката”, фуриозниот и брилијантниот краток роман кој ги лови пародиските и трагикомичните релации меѓу уметноста и порнографијата, е еден од најдобрите прозни текстови што ги истражува садо-мазохистичките релации.

Целиот роман се сведува на варијација на еден единствен настан – камшикување на слугинката. Една бања и една спална соба. Тоа е просторот каде што е сместен текстот на Кувер.

А чија е опсесијата што се опишува во книгата? Репетитивното влегување на слугинката, бесот на господарот, пишувањето како камшикување, сите овие елементи укажуваат на повеќе од две опседнати фигури. Можеби укажуваат на гласот на замислениот автор, на авторот кој самиот е опседнат? Но, опседнат со што? Со сопствената посветеност на уметноста? Со идејата за пропаста на љубовта? Со злобноста на природата, со несовршеноста на човекот? Со библискиот контраст меѓу Бог и човекот? Со традиционалните односи меѓу мажот и жената?

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *