Автор:

Фокусот врз поделената личност и потсвесните нагони на злото кои се посилни од силата на доброто ја овозможуваат постојаната популарност на оваа книга. Кога романот се појавил се сметал за критика на двојниот викторијански морал, но бил читан и како коментар на Потеклото на видовите од Чарлс Дарвин. Д-р Џекил, преку експериментот што го изведува, оди контра еволуцијата и ја открива примитивната позадина на човекот. Модерните читатели можат да го читаат романот и низ светлината на теориите на Фројд за растргнатоста на човекот помеѓу егото и инстинктите. Но, над интелектуалните асоцијации и тековните интерпретирачки моди, Чудниот случај на д-р Џекил и мистер Хајд стана не само класично дело туку и икона на популарната култура, според која досега се снимени и дваесеттина филмови.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *