Автор:

Грчовито барајќи причина за продолжување на животот, во седумдесеттите години на јавноста Гари ù ја приредува една од најголемите книжевни мистификации на векот: објавува четири последователни романи под псевдонимот Емил Ажар, прво добивајќи ја, а потоа одбивајќи ја Гонкуровата награда за вториот роман Животот е пред тебе. Критичарите и новинарите покренуваат вистинска хајка против таинствениот дрзник, а тој им возвраќа со сигнали вградени во своето претпоследно дело, индикативно наречено Псевдо. Потоа се одлучува да стави точка на својата животна комедија и на 2 декември 1980 се самоубива откако една година претходно тоа го направи и неговата бивша сопруга, славната актерка Џин Сиберг.

Можат ли две несреќни личности, кои сосема случајно ќе се сретнат, заедно да стигнат до некаква форма на среќа? Дали љубовта и смртта навистина се нераскинливо и фатално испреплетени и поврзани? Тоа се само некои од прашањата коишто во романот “Сјајот на жената” ги поставува Ромен Гари (1914-1980)

На привлечноста на романов не ù одолеа ни славниот режисер Коста Гаврас, создавајќи една интимистичка филмска фуга, својот единствен “неполитички” филм, со незаборавната Роми Шнајдер и со Ив Монтан.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *