Автор:

balzak

Обично вбројуван меѓу писателите на т.н. општествени романи, Балзак ѝ припаѓа и на историјата на 19-вековната декаденција. Многу негови ликови имаат два пола. Балзак е двоен. Како романописец, тој е документаристичен и аналитичен. Како романтичар, тој е перверзен и окултен. Неговиот андрогин произлегува од романтичарската имагинација која ја ништи разликата меѓу половите. Андрогините лица се појавуваат насекаде во „Човечката комедија”.

 

Во оваа книга се соочуваме со еден помалку познат Балзак, кој на актуелен начин се чита од гледна точка на опсесиите со родот и родовиот.

Оноре де Балзак (1799-1850) претставува синоним за францускиот и европскиот реализам од првата половина на 19 век. Тој е автор кој можеби на најсеопфатен начин ги прикажа механизмите на раното капиталистичко општество, а неговите над 2000 ликови од сите слоеви на француското општество претставуваат економски, политички и културен портрет на неговото време. Делото што го пишувал целиот живот, „Човечка комедија”, има нешто помалку од 100 тома и е еден од најсистематичните обиди во литературата да се зграпчи и претстави духот на една цела епоха, но и да се осветлат тајните на човечката психа.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *