Автор:

Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта… Околу едно немирно мастилаво езеро. Расказите во книгава вчудоневидуваат и речиси сите редовно уште на самиот почеток ја кршат реалната и стабилна основа врз која стапнува читателот. Авторот брзо и возбудливо го ниша читателот во својата наративна лулашка. Поетиката на книгава ја напушта навидум наивната и засмејувачка атмосфера на дебитанското дело на Јолдески, но ги чува искреноста и автентичноста и н$ носи кон едни поинакви магливи брегови, каде што секој има свое езеро…

Ненад Јолдески (1986) е автор на „Штамата на Енхалон”, првонаградената книга на конкурсот НОВИТЕ (2009). Еден од основачите на групата Wezdensky – отворено арт здружување, преку кое досега успешно беа изведени на сцена: „Ајнштајновите сништа” на Ален Лајтман, „Инсомниа” на Димитрие Дурацовски и „Старица” на Данил Хармс. Аматерски се занимавал со глума и режија. Неговите раскази досега се објавувани и преведувани во неколку антологии, книжевни пресеци, списанија и on-line магазини.
 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *