Автор:

Мрачни тинејџери, училетки и уличетки комплет со Клетаучита и Мачотилда, чудни комшии, лудаци, фрикови, пластелино-главци, тапч-овци, хомосексуалци со снажни анални фиксации, первертирани хетеросексуалци, кучиња и други животни од зоолошката гадина, прифатни автобуси полни со сопнатици и лунатици, турористи, етнички малцинства, гетобластери, теле-визори, компјутерски игрици и разни други нуспрдизводи… – сè е тука, комплетен спектакл-дебакл што ветува ѓоаживот, комплетен инвентар на мизеријата во болно луцидната главантура низ лавиринтите на едно ропштество… А наспроти божемствата пред кои клечат поданиците на оргијастичниот сарај Шундимитар го поставува свој (б-лажен) култ: Зборг.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *