Автор:

 stolb_na_kukaНиз целата своја новинарска кариера Небојша Јаконов (1966–2009) не правеше ништо друго, туку вивисекција на овдешното паланечко општество, на овдешната „сељачаана“, што би рекле скопјани. Парадоксот на „сељачааната“ е во нејзината мимикрија – колку повеќе се „кити“ со „барокниот урбанизам“, толку повеќе покажува дека „царот е гол“. Не е голема трагата што ја остави Јаконов зад себе, барем не толку колку што би требало да биде, зашто ароганцијата на паланката е речиси непробивна. Овој избор нема да го извлече Јаконов од неговата „доминантно маргинална“ позиција, туку ќе биде само „камче во чевелот“ што ќе нѐ потсетува дека можевме да бидеме и „нормални“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *