Автор:

За политичката левица, идеологијата често е ексклузивно својство на владејачките класи, додека за десницата таа е тоталитарна спротивност на нејзиниот здрав разум. За некои, овој концепт денес е толку широк што нема никакво значење; за други, тој е премногу кохезивен и не одговара на светот во кој владее бескрајна различност. Времето во кое живееме често се нарекува постидеолошко, но секаде околу нас сме сведоци на нагласени идеолошки конфликти. Истражувајќи го овој парадокс, прочуениот теоретичар на книжевноста и на културата Тери Иглтон во книгата Идеологија ги анализира многубројните (честопати противречни) дефиниции на идеологијата.

Со карактеристична луцидност и духовитост, Иглтон ја проследува интелектуалната историја на поимот идеологија, од Дестит де Траси, преку Маркс и Лукач, Ниче и Фројд, па сè до Алтисер и постструктуралистите. Импресивна по својот опфат, како и морално и политички ангажирана, Идеологија на Тери Иглтон е извонреден вовед во оваа тема, но и политичка интервенција во тековните теориски дебати. Тери Иглтон е професор по културна теорија на универзитетот Манчестер. Автор е на низа книги од областа на теоријата на литературата и културата (меѓу кои и прочуената Теорија на литературата), трилогија за ирската култура, неколку драми, како и на сценариото за филмот Витгенштајн на Дерек Џарман.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *