Автор:

Дејноста на пишувањето, токму како и цртањето стрипови, обично настануваат во осаменоста, во приватноста на собите и во студијата каде што не сакате некој да се метка (во почетокот на дваесеттиот век стрип цртачите работеа во канцелариите на весниците и списанијата, но тоа веќе е некаква праисторија). Додека ги цртам своите стрипови, оваа монашка атмосфера воопшто не ми пречи. Напротив. Меѓутоа, мислам дека повремено е корисно рутината да се разбие на креативен начин. Затоа сметам дека е освежување ако дојдам во шанса да учествувам во некој заеднички проект или инспиративна соработка. Добив впечаток дека таква можност е понудата која ми стигна преку пријателот од Париз – стрип цртачот Тиери Гитар и неговата жена Мириана Мислов беа меѓу авторите застапени во едицијата на “мрачната” литература која се вика Black Is Beautiful, на малиот андерграунд издавач од Марсеј. Серијата книги објавени во оваа едиција навистина е нешто посебно – станува збор за експеримент кој спојува по еден цртач и по еден писател. Цртачот најпрвин го креира цртежот, кој треба да биде инспирација за писателот врз основа на тоа да напише “noir” приказна. Кога ќе ја заврши приказната, писателот целиот материјал одново му го враќа на цртачот, кој текстот го илустрира со серија цртежи. Сето тоа на крајот се објавува во книга, печатена со црна боја на црна хартија! Станува збор за мошне интересни изданија кои се забавни и за читање и за разгледување. Откако Тиери и Мириана ми предложија да учествувам во изработката на новото Black Is Beautiful издание, и кога требаше да најдам писател со кој би можел да соработувам, се сетив на стариот познаник, Владимир Арсенијевиќ. Неговите романи се преведени на француски јазик, така што немаше потреба од дополнително објаснување за француските пријатели. Сè беше договорено во многу кус рок.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *