Автор:

Збиркава од седумдесетина мошне куси раскази ги содржи најдобрите особини на мошне обемниот опус на овој голем австриски писател: стилската брилијантност, минимализмот (со голема изразна моќ), морничавоста, црниот хумор, суптилната иронија, поетичноста…

Беспоштедниот став на љубов и омраза спрема Австрија одеше дотаму што Бернхард тестаментарно забрани неговите дела да се објавуваат и изведуваат на сцените во Австрија с$ додека важат авторските права! Според него, нема подобра илустрација од Австрија дека државата е гомно.

Со Бернхард читателот секогаш го поминува искуството на духовен земјотрес. За него не постојат светии; тој е писател кој десакрализира. Неговата провокативна и често уништувачка иронија никому не простува, а очигледно и самиот не се иззема од подбивот. Како ви-стинска опсесивна машина тој гризе с$ околу себе и во себе.

Иронично е можеби и тоа што големиот мизантроп и циник, Томас Бернхард, ни остава нам, на луѓето-читатели, едно извонредно уметничко дело, токму за уживање, не за страдање!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *