Автор:

Томас Пинчон (1937) е еден од најважните и истовремено највлијателните писатели во Америка од втората половина на 20 век. Тој ќе остане запаметен како еден од авторите кој во последните четриесеттина години даде значителен поттик за многу нови книжевни експерименти – од постмодернизмот, хиперлитература, па до киберпанкот. Пишувајќи книжевност која се сфаќа како мозаик и игра, како бескраен лавиринт од можности за толкувања. Пинчон ги структурира своите текстови во форма на комплицирани загатки чија смисла никогаш до крај не може да се дефинира, ниту исцрпи. Бескрајното умножување на светот и претставите за него, метафората на мрежата, комбинација на црниот хумор и фантазијата со цел да го наслика човечкото отуѓување во хаосот на модерното општество, се само некои од основните „елементи“ што го дефинираат неговото творештво.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *