Автор:

 

Романот Бумбаров мед претставува трогателна, мошне снажна и на моменти мошне мрачна приказна која го разгледува односот на двајца браќа заробени во доживотна меѓусебна зависност и омраза. Романот добива нова димензија кога во нивниот осаменички живот ќе се појави жената која на некој начин станува гласник кој по многу години ќе ја овозможи нивната комуникација. Станува збор за трагична приказна испресечена со извонредно суптилни и потресни дози хумор и светлина. Психолошки мошне силен, романот на Линдгрен во човека остава незаборавни слики на северот во душата и во географијата. Овој роман е круна во творечкиот опус на Торгни Линдгрен и овој роман најмногу придонесе тој да стане еден од најзначајните и најпопуларни шведски писатели.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *