Автор:

Неверојатен лудак! Литературен алхемичар – маг и шаман едновремено! Само во машината на генијалната литература може да се смеша една таква комбинација од магиско, морбидно, психолошко и филозофско! Дури и капките од оваа налудничава литература во допир со нежна душа предизвикуваат суптилни процепи и паѓања во несвест! Внимателно да се употребува! Да не се тресе пред употреба! Пренежниот читател може да експлодира! Мамлеев е Достоевски на 21
век!

Јуриј Виталевич Мамлеев (1931–2015) бил истакнат руски романсиер кој започнал да пишува во 1960-ите. Се смета за основоположник на метафизичкиот реализам како литературен жанр. Од 1974 до падот на СССР живеел во САД каде работел како универзитетски професор. Познат е и како основач на Јужинскиот круг, окултистички самиздат книжевен салон кој привлекол разни неконформистички и антисоветски уметници, писатели, интелектуалци и поети.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *