Автор: Владимир Јанковски
Вечно сегашно време е љубовна приказна целосно распространета низ улиците и препознатливите места во Скопје. Романот ја преиспитува идејата за љубовта како игра и онеобичување на секојдневието, потреба другиот да се изненади и зачуди. Ликовите постојано се доближуваат и оддалечуваат еден од друг, непрестајно доведувајќи се врз несигурна почва. Текстот комбинира две раскажувачки постапки – класичната нарација и фрагментарни, сами по себе заокружени целини.
Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Завршил општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Работи како уредник во издавачката куќа Темплум. Во 2003 година ја објавил книгата Огледало за загаtкаtа, разговори со Влада Урошевиќ. Во соработка со фотографот Иван Блажев ги реализирал книгите: Скоpје со широко оtворени очи (2008) и Лицаtа на невидливиоt град (2010). На македонски јазик превел книги од: Дубравка Угрешиќ, Ијан Мекјуан, Сузан Сонтаг, Маргарет Етвуд, Филип Дик, Чарлс Буковски. Вечно сегашно време е негов прв роман.