Автор:

Според многумина, Жак Дерида е најконтроверзниот писател на нашето време. Едни сметаат дека е “пророк” на нихилизмот и рушител на сите канони на рационалноста, други го гледаат како најзначајниот филозоф што се појавил по Втората светска војна. Со остроумни, прецизни и отсечни движења, тој е убиецот на традицијата на западната метафизика и на логоцентризмот. Во некои кругови, пред се` во Америка, Дерида стана интелектуален гуру чиишто текстови се сметаат за “свети” и бараат понатамошни бескрајни коментари и интерпретации. Во најмала рака, текстот на Дерида провоцира, зафркава и досаѓа. “Нешто единствено се одигрува во Европа: во она што се` уште се нарекува Европа, дури и ако повеќе не се знае што се нарекува така. Имено, на кој концепт, на која реална индивидуа, на кој засебен ентитет денес треба да му се припише ова име? Кој ќе ги зацрта неговите граници? (…) Надежта, стравот и трепетот се по мерка на знаците кои ни пристигаат отсекаде во Европа, каде што во име на идентитетот (…) се мешаат најстрашните, добро познати, злосторства – ксенофобијата, расизмот, антисемитизмот, религиозниот или националистичкиот фанатизам – се мешаат, и тоа воопшто не случајно, со здивот, дишењето, со самиот ‘дух’ на ветеното.”

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *